• четврток, 26 декември 2024

Конашенков: Пристаништето во Мариупол почна нормално да работи

Конашенков: Пристаништето во Мариупол почна нормално да работи
Москва, 25 мај 2022 (МИА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска изјави дека пристаништето Мариупол е целосно деминирано и почна со работа. Тој додаде дека на територија на пристаништето биле пронајдени повеќе од 12.000 експлозивни направи и се деактивирани, а исто така било пронајдено и оружје оставено од украинските борци. Според руското Министерство за одбрана пристапните канали и внатрешните води се ослободени од потонати бродови и други навигациски пречки. Руските војници деминирале дел од брегот на Азовско Море во близина на пристаништето Мариупол. ми/

Остани поврзан