• сабота, 23 ноември 2024

„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во Сарај

„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во Сарај

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Заменети се оштетени корпи, наменети за одлагање ситни отпадоци во општина Сарај, информираат утрово од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.

Активностите во текот на вчерашниот ден се реализирале на десетина локации во централниот дел на општината. Нови садови биле поставени на местото на оштетените корпи.

Во претстојниот период, исто така, како што додаваат од претпријатието, ќе се продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци, поставени на подрачјето на Скопје. бд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан