• среда, 20 ноември 2024

„Комуналец“ апелира до кавадарчани да внимаваат при фрлањето пепел

„Комуналец“ апелира до кавадарчани да внимаваат при фрлањето пепел
Кавадарци, 12 јануари 2022 (МИА) - ЈП „Комуналец“ од Кавадарци апелираше граѓаните да внимаваат при фрлање пепел, со цел да се спречи појава на пожари. - На повеќе локации имаме поставено метални канти за фрлање на пепел и таа треба да се фрла во нив. Тие редовно се чистат, како и останатите контејнери за друг отпад, посочија оттаму. Од претпријатието ги замолија сите граѓани да внимаваат при фрлањето на пепел во контејнерите каде што нема таква канта. - Пепелта да отстои неколку часа, додека не се излади, за да не дојде до запалување на контејнерите и правење штета на истите. Поради вакво невнимание, како што велат, може да се предизвика и поголема штета, не само на контејнерите, туку и на околните објекти и автомобили. свд/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан