• сабота, 28 декември 2024

Композицијата „даМар“ од Дарија Андовска селектирана на фестивал во Србија

Композицијата „даМар“ од Дарија Андовска селектирана на фестивал во Србија
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Во Белград, вечер на свеченото отвoрање на 31-то издание на фестивалот International Review of Composers ќе биде изведена композицијата „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар од македонската композиторка Дарија Андовска.
Селекторката и реномирана композиторка, проф. д-р Бранка Поповиќ, од над 370 композиции, пристигнати на конкурсот за годинашното издание на Меѓународната трибина на композитори во Белград, Србија, ги избрала најдобрите и најинтересни 50 композиции од автори од Србија, Северна Ирска, Црна Гора, Белгија, Јужна Кореја, САД, Италија, Хрватска, Аргентина, Португалија, Тајван и само една композиција од Северна Македонија - „даМар".
На отворањето на фестивалот, на кое ќе бидат доделни и наградите, ќе настапи Саша Мирковиќ и Ансамблот „Метаморфозис“, кои се добитници на наградата "Александар Павловиќ" од Сојузот на композитори на Србија, за особен придонес и афирмација на српската музика.
На 23 август, оваа година, Саша Мирковиќ и Ансамбл „Метаморфозис“ ја изведоа композицијата "даМар" од Дарија Андовска и на фестивалот Пантопија во Берлин, Германија, како единствена македонска композиција на нивниот репертоар.
Дарија Андовска е редовен професор на Факултетот за музичка уметност, каде од 1 октомври е и декан на факултетот. вг/мд/

Остани поврзан