• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Компани: Нојер се повреди при прославата на вториот наш гол

Компани: Нојер се повреди при прославата на вториот наш гол

Минхен, 6 март 2025 (МИА) - Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани зборуваше за повредата на голманот Мануел Нојер во победата над Баер Леверкузен со 3:0 синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

-Игравме по четврти пат сезонава со Баер Леверкузен и иако победивме убедливо, денес ситните детали го решија мечот. Сеуште немаме подетални информации за повредата на Нојер, но тој го повреди мускулот на потколеницата кога славеше гол нашиот втор гол, изјави Компани.

Поради повредата, голманот беше заменет на почетокот на вториот дел.

Реваншот ќе се одигра на 11 март во Леверкузен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан