• петок, 26 јули 2024

Компани дебитираше на чело на Баерн - баварците постигнаа 14 гола

Компани дебитираше на чело на Баерн - баварците постигнаа 14 гола

Минхен, 24 јули 2024 (МИА) - Баерн Минхен имаше повеќе од одличен почеток на својата кампања со победа од 14-1 на Ротах-Егерн. Баварците овојпат го „поштедија“ противникот, на кого во последните три контроли му дадоа дури 72 гола.

Германскиот клуб водеше со 4:0 до 27. минута, откако Аден Личина и Матис Тел постигнаа по два гола. Една минута подоцна, Тобијас Шлихтнер реализира гол за Ротах-Егерн. До крајот на првиот дел Нусаис Мазрауи, Матис Тел и Рафаел Гереиро додадоа по еден гол за 7:1.

Во вториот дел новиот тренер на Баерн, Винсент Компани го смени целиот состав и Баварците постигнаа уште седум гола. Аријон Ибрахимовиќ погоди за 8:1, Нестор Иранкунда додаде два гола, по што следеа головите на Саша Боје, Мудасер Садат, Асп Јенсен и Ноел Асеко.

Следниот тест на Баерн е против уште еден аматерски германски тим, Дирен, на 28 јули (недела). Баварците ќе одиграат и два натпревари против Тотенхем - првиот во Сеул, а вториот во Лондон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан