• недела, 06 октомври 2024

Комо под водство на Фабрегас се пласира во Серија А

Комо под водство на Фабрегас се пласира во Серија А

Комо, 11 мај 2024 (МИА) – Тимот на Комо одигра нерешено 1:1 синоќа со Козенца во натпревар од 38. коло на италијанската втора фудбалска лига.

Благодарение на ова реми, тимот, чиј тренер е поранешниот играч од средниот ред на Шпанија, Сеск Фабрегас, го зазеде второто место во поредокот во Серија Б и се пласираше во Серија А следната сезона. 

Претходно, Парма, која како првопласирана избори учество во најсилното италијанско фудбалско првенство.

Венеција и Кремонезе ги зазедоа третото и четвртото место и стигнаа до полуфинале во плејофот. Катанцаро, Палермо, Сампдорија и Бреша ги заземаа 5-8. места и ќе играат во четвртфинале од плејофот. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан