• сабота, 23 ноември 2024

Комитетот на министри на СЕ разгледува како да го продолжи процесот за прием на Косово

Комитетот на министри на СЕ разгледува како да го продолжи процесот за прием на Косово

Стразбур, 17 мај 2024 (МИА) - Комитетот на министри на Советот на Европа започна расправа за прашањето за прием на Косово во таа организација и размислува како да продолжи тој процес, беше речено денеска на прес-конференција по состанокот на Комитетот во Стразбур.

Премиерката на Литванија Ингрида Шимоните, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на Косово за членство во Советот на Европа, рече дека не е прашање дали ќе биде прифатено, туку кога.

„Не е прашање дали, туку кога. Процесот ќе продолжи“, рече премиерот на Литванија, кој денеска го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Министерката за надворешни работи на Лихтенштајн, Доминик Хаслер, изјави дека на денешната седница на Комитетот во излагањата на министрите неколку пати било споменато Косово.

„Комитетот на министри веќе започна да разговара за ова прашање и во моментов размислува како да продолжи“, рече Хаслер, чија земја претседаваше со Комитетот на министри на СЕ во последните шест месеци.

Таа рече дека Комитетот го добил писмото на Парламентарното собрание на СЕ за препораката за прием на Косово и дека Претседателството на Лихтенштајн направило се за да се напредува во тој процес заедно со сите земји членки.

Парламентарното собрание на СЕ во средината на април усвои препорака за прифаќање на апликацијата на Косово за членство во таа организација, за која конечната одлука ја носи Комитетот на министри. паг/

Фото: МИА архива



 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан