• среда, 25 декември 2024

Комисија за односи со верските заедници повикува политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи

Комисија за односи со верските заедници повикува политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) – Раководителите на институциите кои добиле мандат од граѓаните да се придржуваат до градењето на хармонично мултикултурно општество, апелираат од Комисијата за односи со верските заедници во однос на актуелните случувања на Попова Шапка.

Од Комисијата повикаа на внимателност и воздржаност од граѓаните.

- Комисијата за односи со верските заедници повикува на внимателност и
воздржаност од граѓаните, како и мудрост во раководењето со институциите од оние кои добиле мандат од граѓаните да градат хармонично мултикултурно општество, кое само по себе не подразбира исклучивост на ниту една култура, туку нивна коегзистенција и почитување на различностите, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека Комисијата ќе остане посветена во одржување на добрите меѓуверски односи. 

-Затоа, имајќи ја сензитивноста во предвид апелираме политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи. Во однос на изградбата на профани или религиозни објекти, како и поставување на нивни обележја на туристичкиот центар Попова Шапка упатуваме на неселективна и принципиелна поставеност на Општина Тетово, порачуваат од Комисијата. свс/ев/

Фото: Комисија за односи со верските заедници

Остани поврзан