• четврток, 28 ноември 2024

Комисијата на епидемиолози предлага откажување на панаѓурите во Грција и зголемена контрола на копнените граници

Комисијата на епидемиолози предлага откажување на панаѓурите во Грција и зголемена контрола на копнените граници
Атина, 13 јули 2020 (МИА) - Откажување на сите традиционални фестивали со жива музика (т.н. панаѓури) до крајот на јули, интензивирање на контролите на копнените граници, како и на сезонските работници кои доаѓаат од соседните земји, се трите мерки кои Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција, ги предлага до грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Комисијата денеска одржа состанок со надлежниот министер за здравство Василис Кикиљас и ги донесе конкретните препораки, откако претходно Владата побара од епидемиолозите да ја разгледаат можноста за забрана на панаѓурите и останатите настани со масовни собири, најмалку до крајот на јули. ср/ми/

Остани поврзан