• сабота, 23 ноември 2024

Започна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Започна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. Поднесени се 58 амандмани. 

Во текот на општата расправа власта и опозицијата беа со различни ставови и обвинувања. Пратениците од владејачките партии обвинија дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, додека опозицијата ја обвини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборитето.

Пратеникот Бојан Стојановски денеска изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ планира ребалансот на Буџетот за 2024-та година да го донесе во втората недела од август по што, како што рече, ќе започне консолидацијата на затегнатите состојби. ар/бак/


Фото: МИА

Остани поврзан