• четврток, 26 декември 2024

Комисијата за употреба на историските имиња ќе решава за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Комисијата за употреба на историските имиња ќе решава за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Комисијата за употреба на историските имиња денеска треба да одржи седница и да изготви извештај во врска со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда Кренар Лога ќе треба да донесе соодветно решение.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, од Централниот регистер беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. сп/мд/

 

Остани поврзан