• петок, 27 декември 2024

Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19

Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот. Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Пријавени се три починати лица од Скопје, во период од 5 до 30 јули, а оздравени се 815 пациенти. Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град - 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај. Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“. ки/бак/    

Остани поврзан