• недела, 24 ноември 2024

Комисиска расправа по предлог Одлуката за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија

Комисиска расправа по предлог Одлуката за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ја разгледува Предлог одлуката за формирање на анкетна комисија за случајот на клиниката за онкологија. 

Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на Одлуката во своето излагање посочи дека скандалот кој се случи на клиниката го загрозува членот 39 каде е запишано дека секој граѓанин има право на здравствена заштита.

- Со ова се гледа дека правото не само што не било испочитувани, туку било и злоупотребувано, истакна Милошоски. 

Додаде дека овој скандал доведува до пад на довербата во здравството. Според него треба во најбрз можен рок да се утврди политичка одговорност. 

- Политичката одговорност ќе има дополнителна корист, оти во овој момент има паушално жигосување на здравствените работници кои немаат врска со случајот, а се грижат за своите пациенти. Не би требало другите здравствени работници да бидат жртви на ваков скандал, истакна Милошоски. 

Предложи Комисијата да биде составена од 13 членови од кои мнозинството да биде од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ шест членови, четири од СДСМ, два члена од ДУИ и еден од Алијанса. свс/ев/


Фото: МИА

Остани поврзан