• четврток, 26 декември 2024

„Комерцијална банка“ прогласена за најдобра банка од страна на магазинот „Еuromoney“

„Комерцијална банка“ прогласена за најдобра банка од страна на магазинот „Еuromoney“
Скопје, 14 јули 2021 (МИА) - „Комерцијална банка“ е добитник на наградата „Најдобра банка во Северна Македонија“ за 2021 година што ја доделува магазинот „Еuromoney“. - Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите. Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите, информираат денеска од Банката. Наградите за извонредност на магазинот „Еuromoney“ се доделуваат од 1992 година. Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот „The Banker“. бак/лв/

Остани поврзан