• среда, 13 ноември 2024

Комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау

Комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау

Аушвиц, 27 јануари 2022 (МИА) - Во Аушвиц, Полска, се одржува комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор „Аушвиц-Биркенау“ на Денот на сеќавањето на жртвите на холокаустот.

Поради Ковид ограничувањата, само мала група гости присуствуваа на церемонијата посветена на пролетта 1942 година, кога започна масовното истребување на затворениците во Аушвиц.

Логорот е управуван од нацистичка Германија од мај 1940 година до јануари 1945 година, кога беше ослободен од советските трупи. Во него се убиени најмалку 1,3 милиони луѓе (според други проценки до 1,5 милиони), претежно Евреи. паг/

Остани поврзан