Комеморација за Сара Пројковска в среда на Факултетот за музичка уметност
- Факултетот за музичка уметност-Скопје соопшти дека во среда, 26 март, во Концертната сала на Факултетот ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Факултетот за музичка уметност - Скопје соопшти дека во среда, 26 март, во Концертната сала на Факултетот ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.
Сара загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал.
Покрај Сара, во Кочани загинаа и членовите на ДНК - клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и пејачот Андреј Ѓорѓиевски.
Во пожарот во дискотеката во Кочани во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени. бт/бак/
Фото: Фејсбук