• четврток, 26 декември 2024

Комеморативни церемонии за жртвите од нападите на 11 септември 2001 година

Комеморативни церемонии за жртвите од нападите на 11 септември 2001 година

Њујорк, 11 септември 2023 (МИА) - Во САД започнаа комеморативни церемонии по повод 22-годишнината од нападите на исламистите на 11 септември 2001 година врз кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон.

Почетокот на комеморативните настани беше даден во точното време кога пред 22 години првиот киднапиран авион од терористите се урна во Северната кула на СТЦ. Потоа втор авион се урна во Јужната кула. Двете кули потоа се уриваа една по друга. Во меѓувреме, трет киднапиран авион се урна во зградата на Пентагон. Четвртиот киднапиран авион не успеа да ја достигне целта поради бунт во авионот и се урна во Пенсилванија.

Сите овие места традиционално одржуваат меморијални служби секој 11 септември. Во Њујорк на комеморацијата беа прочитани имињата на 3.000 жртви од уривањето на кулите близначки на Светскиот трговски центар. На настанот присуствуваа американската потпретседателка Камала Харис и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Одбележувањето беше на местото каде некогаш стоеле кулите близначки. Денес, областа е трансформирана, со нови облакодери, мал парк, меморијален комплекс....

Подоцна денеска американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на комеморативна церемонија во Алјаска на враќање од посетата на Виетнам и самитот на Г20 во Индија, при што ќе одржи краток говор. паг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан