• вторник, 24 декември 2024

Комеморативен собир во чест на загинатите бранители Александар Николиќ и Даил Јанкоски

Комеморативен собир во чест на загинатите бранители Александар Николиќ и Даил Јанкоски

Гостивар, 26 август 2024 (МИА) – На дваесет и две години од загинувањето на полициските резервисти, Александар Николиќ и Даил Јанкоски, претпладнево во гостиварската населба Циглана се одржа комеморативен помен собир. Свештеници од гостиварското архијерејско намесништво одржаа опело за покој на душите, а присутните со минута молчење им оддадоа почит на загинатите.

Покрај роднините на загинатите на собирот беа и претставници на ОВР Гостивар, Македонскиот полициски синдикат, Здружението на бранители кои во спомен и слава на загинатите, на местото на погибијата положија цвеќе и запалија свеќи.

Гостиварците Николиќ и Јанкоски ги загубија животите додека беа на должност на полициски пункт ноќта на 26 август во 2002 година. Според наводите од истрагата, беше утврдено дека кон нив пукале непознати лица со автоматско оружје од автомобил што се движел. Во настанот уште еден резервист беше ранет и го преживеа нападот.

По иницијатива на здруженијата на бранителите и полициски синдикат пред десетина години на објектот што е непосредно до местото на трагичниот настан е поставена спомен-плоча. згм/мд/

фото: МИА

Остани поврзан