• сабота, 23 ноември 2024

Комеморативен „Марш за Сребреница“ во организација на Бошњачкиот национален совет

Комеморативен „Марш за Сребреница“ во организација на Бошњачкиот национален совет

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – Во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, попладнево Бошњачкиот национален совет (БНС) организираше комеморативен „Марш за Сребреница“.

Маршот започна од булеварот „Џон Кенеди“, преку старата скопска чаршија до плоштад „Македонија“, каде се одржа комеморативна програма по повод сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

На плоштадот беа изложени уметнички слики и фотографии поврзани со геноцидот.

– Оваа година, како и изминатите години го организираме традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, посочи Џевад Хот од БНС.

Во Меморијалниот центар Сребреница, во Босна и Херцеговина,, денеска се одбележува 29-годишнината од геноцидот, во кој на 11 јули 1995 година, во подрачје заштитено од Обединетите нации, босанските Срби убија повеќе од 8.000 Бошњаци.  ра/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан