• сабота, 27 јули 2024

Комедијата ,,ЈЗУ Европа" вечерва во Пехчево

Комедијата ,,ЈЗУ Европа

Пехчево, 13 октомври 2023 (МИА) - Во Домот на културата „Јане Сандански" во Пехчево вечер ќе биде прикажана театарската претстава „ЈЗУ Европа”. Претставата е работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ, во изведба на Театар Штип и во режија на Кристина Атанасова Арсова.

-Се работи за урнебесна комедија која ќе ве насмее до солзи. Двајца другари, кумови Манојло и Сотир завршуваат во болница на полуинтензивно оделение удирајќи се еден со друг со своите автомобили. Нивниот балкански менталитет ќе се обиде да го поправи сестра Анастазија и да ги направи вистински Европејци, се вели во најавата за претставата.

Главни актери во комедијата се Елена Шорова Дербов, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев.

Организатор на настанот е Домот на култура „Јане Сандански“ од Пехчево, а истата ќе биде прикажана во киносалата со почеток од 19:00 часот. Влезниците, како што информираа од таму, можат да се набават во просториите на Домот на култура или на самиот влез. вс/дма/


Фото: Дом на култура Пехчево

Остани поврзан