• среда, 13 ноември 2024

Колумбискиот претседател Густаво Петро се понуди да посредува во ослободувањето на заложниците држани од Хамас

Колумбискиот претседател Густаво Петро се понуди да посредува во ослободувањето на заложниците држани од  Хамас

Богота, 1 февруари 2024 (МИА) - Колумбискиот претседател Густаво Петро вчера се понуди да преговара за ослободувањето на Израелците кои се заложници на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, пренесуваат француските медиуми.

Претседателот Петро тоа му го предложи во писмото одговор на писмото од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Колумбискиот лидер предлага да се создаде „мировна комисија“.

„Со јасна цел да се постигне консензус (. . .) верувам дека е од првостепена важност брзо да напредуваме кон запирање на насилството и да започнеме преговори за ослободување на сите заложници“, се наведува во писмото на колумбискиот претседател до израелскиот премиер.

Петро, ​​кој е претставник на левицата, е отворен поддржувач на палестинската кауза, забележуваат француските медиуми.

„Предлагам да продолжиме напред со формирање мировна комисија во која ќе бидат вклучени различни земји за да се обезбеди ослободување на заложниците и да се постигне поголемата цел - да се заврши насилството меѓу Израел и Палестинците’, напиша Петро во писмото одговор на писмото од Нетанјаху.

Во писмото на Нетанјаху, објавено од колумбиските медиуми и потврдено од израелската амбасада во Колумбија, израелскиот лидер го повикува колумбискиот претседател да направи „се што е можно“ за да посредува за ослободување на заложниците. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан