• среда, 13 ноември 2024

Колумбиската влада и Националната ослободителна армија го продолжуваат прекинот на огнот

Колумбиската влада и Националната ослободителна армија го продолжуваат прекинот на огнот

Богота, 6 февруари 2024 (МИА) - Колумбиската влада и екстремно левичарската Армија за национално ослободување (АНО) најавија продолжување на примирјето за шест месеци, кое е на сила од август оваа година.

-Се договоривме да го продолжиме билатералниот, националниот и привремениот прекин на огнот за сто и осумдесет (180) дена, почнувајќи од 6 февруари 2024 година, се вели во документот издаден од двете страни, со кој АНО - последната бунтовничка група во Колумбија, исто така, вети дека ќе „прекине“ со киднапирањата.

Ослободителната национална армија (ОНА), со цел да придонесе за развојот на билатералниот, националниот и привремениот прекин на огнот, еднострано и привремено ги суспендира притворите од економска природа, се вели во документот објавен од двете страни на „X“.

Преговорите за продолжување на примирјето започнаа на 22 јануари во Хавана. Прекинот на огнот веќе истече на 29 јануари и беше продолжен за седум дена минатата недела за да им се даде повеќе време на преговарачите.

Густаво Петро, ​​првиот левичарски претседател во историјата на Колумбија, започна преговори со главните вооружени групи кои дејствуваат во земјата - АНО, дисидентската марксистичка организација ФАРК (кои го отфрлаат историскиот мировен договор од 2016 година), паравоените групи и шверцерите на дрога. Оваа политика на „тотален мир“ наиде на бројни пречки и беше жестоко критикувана од опозицијата, додека некои од овие вооружени групи ги засилија своите акции за да го зголемат своето територијално влијание.

Веќе се одржани неколку рунди преговори во Венецуела, Мексико и Куба. Трите земји дејствуваат како гаранти заедно со владите на Бразил, Чиле и Норвешка. Освен нив, во преговорите учествуваат Германија, Шпанија, Шведска и Швајцарија, како и претставник на генералниот секретар на ОН. мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан