• петок, 27 декември 2024

Колоски нов ракометар на Голден Арт КЛ7

Колоски нов ракометар на Голден Арт КЛ7
Скопје, 8 август 2021 (МИА) – Левиот бек Стефан Колоски во претстојната сезона ќе настапува за Голден Арт КЛ7. Дваесет и четиригодишниот стружанец доаѓа во Голден Арт КЛ7 од екипата на ГРК Тиквеш. -Драго ми е што сум дел од ваков проект насочен кон вложување во македонски ракометари. Можноста да тренирам во висок ритам, да добијам шанса и минутажа беа клучни за мојата одлука да пристапам на Голден Арт КЛ7. Стабилноста на функционирање на клубот ми е добро позната и можам да кажам дека сум одлично примен, изјави Колоски. Претходно во својата кариера, тој има настапувано и за Струга, Работнички и Јуниор КВ. Голден Арт КЛ7 во новата сезона ќе игра во Првата лига со амбиција да обезбеди враќање во Суперлигата. зс/

Остани поврзан