• сабота, 23 ноември 2024

Колона: Европскиот пат на Северна Македонија и Албанија позитивна разврска и достигнување на француското претседателство

Колона: Европскиот пат на Северна Македонија и Албанија позитивна разврска и достигнување на француското претседателство
Атина, 6 септември 2022 (МИА) - Поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан изразија шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона на нивната денешна средба во Атина, а министерката за надворешни работи на Франција го спомена европскиот пат на Северна Македонија и Албанија како позитивна разврска на француското претседателство, јави дописничката на МИА од Атина. -Се осврнавме и на Западен Балкан, на поддршката на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, едно од позитивните разврски и достигнувања на француското претседателство, рече Колона и паралелно го поздрави и договорот меѓу Белград и Приштина за слободно движење. Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција и Франција практично го поддржуваат проширувањето на Европската Унија со земјите „кои ги прифаќаат истите принципи и вредности“. -Во овој контекст, разговаравме за Западен Балкан. Нагласив дека европската интеграција претставува пат во една насока за консолидирање на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот.  Грција ќе продолжи да го поддржува овој процес и активно да придонесува, порача Дендиас. Шефовите на двете дипломати во изјавите по нивната средба се задржаа на ситуацијата во Украина, но и на грчко- турските односи, а Колона ја изрази целосната поддршка на Франција за Грција во случај на ескалација на тензиите со Турција. ср/нд/

Остани поврзан