• среда, 27 ноември 2024

Количината патоген што зарази 55 милиони луѓе ја собира во една лажичка

Количината патоген што зарази 55 милиони луѓе ја собира во една лажичка
Сиднеј, 17 ноември 2020 (МИА) - Вкупниот волумен на патогени микроби кои заразија 55 милиони луѓе во светот, може да се собере во нешто повеќе од една лажичка за кафе. Ова, според пресметките на австралискиот математичар Мет Паркер. Со други зборови, ако ги собереме сите микроорганизми на коронавирусот што заразија 55 милиони луѓе досега, ќе добиеме волумен од нешто над осум милилитри течност. Една кафена лажичка, за споредба, собира околу шест милилитри. Во чашка за ракија пак, собира околу 45 милилитри течност. - Целиот хаос што се случи во светот се сведува на „лажичка проблеми“. Честичките од коронавирусот се многу мали, тие се милион пати помали од човечката клетка, рече Паркер. Тој, како соработник на научна емисија на Би Би Си, направи проценка на бројот на клетки во секое тело заразено со вирусот врз основа на мерењата со брисеви, односно податоците објавени во медицинското списание „Лансет“. Користејќи претпоставена дневна бројка од 300.000 нови случаи на заразени ширум светот и претпоставувајќи дека секоја личност е заразна 14 дена, тој пресмета колку луѓе во моментов во себе го имаат коронавирусот. Преку множење, се доаѓа до сознанието дека сите заразени заедно, во телото имаат 3,3 квадрилиони клетки заразени со коронавирус. си/

Остани поврзан