• недела, 10 ноември 2024

Коле: Не треба да размислуваме за тоа што се случи против САД во Токио

Коле: Не треба да размислуваме за тоа што се случи против САД во Токио

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Селекторот на француската кошаркарска репрезентација, Винсент Коле зборува за ростерите и претстојното олимписко финале против тимот на САД на Игрите во Париз. Тренерот на „петлите“ смета дека вклучувањето на Гершон Јабуселе во петорката на сметка на Руди Гобер овозможило на неговиот тим да одигра подобро во натпреварите против Канада и Германија од елиминациите.

-Со Гершон наместо Руди имаме повеќе простор во нападот. Кога Руди е во кошот, одбраната повеќе помага на периметарот. Гершон додава висина и ни помага да играме пошироко офанзивно. Очигледно, Руди би сакал да игра повеќе, но засега оваа промена во ротацијата ни овозможи да играме подобро во овие два натпревари. Од друга страна, картите може да се фрлаат на поинаков начин во сабота, бидејќи секој натпревар е сосема различен еден од друг, рече Коле.

Сега Французите ќе имаат втора шанса да го освојат златото, откако во Токио 2020 не успеаја да се носат со САД, губејќи во финалето со 82:87. Големата разлика е што сега францускиот тим ќе има поддршка од околу 15.000 гледачи во „Акор Арена“.

-Имаме втора шанса и тоа е нешто неверојатно за нас. Мора да играме напорно и да не размислуваме за тоа што се случи во Токио. Тогаш бевме само ние - персоналот и натпреварувачите во салата. Сега ќе играме со поддршка од 15 илјади наши симпатизери на трибините кои ни помогнаа да стигнеме до финалето. Ова ќе биде нешто уникатно. За мене ова е најголемиот момент во мојата кариера како селектор на Франција. Сон за сите нас е да играме олимписко финале во Париз, додаде Винсент Коле. дс

Фото: ФИБА

Остани поврзан