• четврток, 26 декември 2024

Колесникова обвинета за поткопување на националната безбедност на Белорусија

Колесникова обвинета за поткопување на националната безбедност на Белорусија
Москва, 16 септември 2020 (МИА) - Белоруските истражители официјално ја обвинија Марија Колесникова, една од водачите на протестот, за нарушување на националната безбедност, се вели во денешното соопштение на Истражниот комитет. „Колесникова е обвинета за повик за активности насочени кон поткопување на белоруската национална безбедност преку користење медиуми и Интернет“, наведува Комитетот во соопштението. Колесникова (38) моментално е во затвор во Минск, откако минатата недела го искина сопствениот пасош за да го спречи обидот на властите да ја протераат во Украина. паг/  

Остани поврзан