• вторник, 17 март 2026

Колективен притисок врз Израел: Канада, Франција, Германија, Италија и Британија бараат запирање на офанзивата во Либан

Колективен притисок врз Израел: Канада, Франција, Германија, Италија и Британија бараат запирање на офанзивата во Либан

Париз, 16 март 2026 (МИА) - „Масовна израелска копнена офанзива“ во Либан мора да се спречи, бидејќи би можела да предизвика исклучително сериозни хуманитарни последици, се наведува во заедничката изјава на Канада, Франција, Германија, Италија и Велика Британија.

„Значителна израелска копнена офанзива би имала исклучително сериозни хуманитарни последици и би можела да доведе до долготраен конфликт“, се посочува во соопштението.

Петте земји нагласуваат дека ваквата офанзива мора да биде спречена, бидејќи хуманитарната ситуација во Либан, вклучувајќи го и континуираното масовно раселување на населението, веќе е исклучително алармантна.

Истовреме во изјавата се додава дека земјите ги поддржуваат напорите на либанската влада за разоружување на шиитското движење „Хезболах“, кое е поддржано од Иран. ссм/

фото: архива

Остани поврзан