• недела, 24 ноември 2024

Колев: Ќе продолжи изградбата на кејот на Вардар во Велес

Колев: Ќе продолжи изградбата на кејот на Вардар во Велес

Велес, 27 февруари 2023 (МИА) - Општина Велес во текот на денешниот или утрешниот ден треба да го добие решението со кое по два ипол месеци прекин ќе се продолжи со градежните работи на изградба на кејот од десната страна на  реката Вардар во Велес, најави на денешната прес - конференција градоначалникот Марко Колев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека со евроамбасадорот Дејвид Гир разговарале и за други проекти кои се финансираат со средства од ЕУ, а меѓу кои и изградбата на Кејот од десната страна на реката Вардар.

- После дваипол месеци напорна работа на службите на Општина Велес и докажување, се потврди дека е во ред  документацијата што ја поседува Општина Велес и со која аплицирала и е одобрен проект од ЕУ, појасни градоначалникот Колев.

Колев посочи дека нема ништо да политизира, напротив, нагласи, ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните и сите проекти кои се финансирани од ЕУ, од Владата и министерствата, да ги носам напред што е можно повеќе и повеќе. 

Инаку, изградбата започна на 1 ноември 2022 година, а градежните работи запреа некаде во средината на декември минатата година.Проектот е во вредност  од 407 572 евра со пари од ЕУ преку проект што е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Грција. 

Кејот од десната страна се гради на потегот од новиот Мост „Гемиџии“ до Мало Мовче. ад/цр

фото:МИА

Остани поврзан