• среда, 13 ноември 2024

„Колдплеј“ го тужи поранешниот менаџер поради долг и неодговорност на турнејата

„Колдплеј“ го тужи поранешниот менаџер поради долг и неодговорност на турнејата

Лос Анџелес, 9 октомври 2023 (МИА) - Музичкиот бенд „Колдплеј“ го тужи поранешниот менаџер Дејв Холмс поради наводен долг и неодговорност за време на нивната турнеја „Music Of The Spheres“ што официјално сѐ уште трае.

Поп-составот тврди дека нивниот поранешен менаџер земал два заеми од 16,3 милиони и 8,1 милион фунти во 2018 година без нивно знаење, па направил грешки, што ги чинело многу. Сега музичарите бараат отштета од 14 милиони фунти. Веста доаѓа нешто повеќе од еден месец откако Холмс ги тужеше за одредени делови од договорот.

Членовите на групата, во нивната тужба поднесена до Високиот суд во Лондон, Велика Британија, истакнаа дека Холмс ги искористил парите за своите имоти во Канада.

Во тужбата на менаџерот, пак, тој тврди дека бендот е виновен за грешките од повеќе милиони фунти на турнејата. Музичарите, од своја страна, сметаат дека Холмс како менаџер ја имал крајната одговорност за турнејата.

Конечно, музичкиот состав го обвинува Холмс дека „не успеал соодветно да го надгледува и контролира буџетот на турнејата во секое време“ и дека доколку бендот „дејствувал со разумна грижа и вештина во извршувањето на своите обврски“, немало да плати најмалку 17,5 милиони фунти дополнителни трошоци.

Холмс почна да работи со Колдплеј во 2005 година. Тој сега треба да одговори на противтужбата, а доколку двете страни не се спогодат, случајот може да заврши на судница.  си/мс/

Фото: Википедија

Остани поврзан