• недела, 24 ноември 2024

Колашинац ја промовираше својата програма пред граѓаните во Сарај

Колашинац ја промовираше својата програма пред граѓаните во Сарај
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) – Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) на чело со кандидатот за градоначалник на Град Скопје Мунир Колашинац беше во посета на Општина Сарај. Заедно со носителот на листа за Општина Сарај, Разија Колиќ, и носителот на листата на советници за Град Скопје, Бедро Хот ветија решенија на повеќе проблеми и работа за едно поинакво Скопје за сите. На посетата во Општина Сарај, БДС ја промовираше својата програма која опфаќа планови и цели за неколку големи проекти во Град Скопје и Општина Сарај со фокус на животната средина, еколошките проблеми, воведување ред во сообраќајот, инвестирање во младите и нивниот напредок. На граѓаните им беа претставени идеите за подобрување на животот на локалното население во Општина Сарај, особено во село Љубин. Во име на првиот самостоен настап на една бошњачка партија на едни избори во Република Северна Македонија, БДС ветија дека ќе настапат визионерски, со мотото „Поинакво Скопје за сите нас”. Од БДС најавија дека интензивно работат на терен и постојано се меѓу луѓето. мс/вг/

Остани поврзан