• четврток, 26 декември 2024

Кока-Кола планира да отпушти 410 работници во Германија

Кока-Кола планира да отпушти 410 работници во Германија
Берлин, 6 април 2022 (МИА) - Кока-Кола планира да отпушти 410 работници во Германија, објави германската подружница на американскиот гигант. Компанијата планира до крајот на годината да ја затвори фабриката во Хам, Северна Рајна-Вестфалија, каде моментално се вработени 82 работници. Половина од работните места во погонот ќе бидат затворени. Останатите работници, како консултанти за продажба, ќе бидат распоредени на други локации. Отпуштени ќе бидат поголем број работници, кои ги полнат автоматите и ги сервисираат, а сега работат низ цела Германија. Кока-Кола досега во Германија полнеше автомати и ги сервисираше, а во иднина овие задачи ќе им ги остави на подизведувачите. Од компанијата соопштија дека работниците ќе бидат отпуштени „со што поприфатливи општествени услови, врз основа на нов колективен договор“. Синдикатот на вработените во секторот за храна, пијалог и кетеринг, изрази разочарување со ваквата одлука. - Ова е тажен ден во тешки времиња за работниците на Кока-Кола, истакна Фреди Адџан. бд/ссм/

Остани поврзан