• четврток, 26 декември 2024

Кои беа четворицата погубени од мјанмарската хунта?

Кои беа четворицата погубени од мјанмарската хунта?
27 јули 2022 Evening Standard Војската на Мјанмар, претходно Бурма, погуби четворица поборници за демократија откако ги обвини за вршење „терористички дејствија“. Државниот медиум Global Light of Myanmar не информираше како или кога четворицата беа погубени, но се смета дека тоа е првата употреба на смртна казна со децении. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го осуди погубувањето, изјавувајќи: „Вакви дела, што се за осуда, на насилство и репресија, не можат да се толерираат. Ние остануваме посветени на луѓето на Бурма и нивните напори да го вратат патот на Бурма кон демократија“. Поранешниот лидер на лабуристите, Џереми Корбин, посочи дека „воената хунта изврши вонсудски егзекуции во Мјанмар, вклучувајќи го Зајар Тав, млад пратеник кој го запознав при неговата посета на мојата изборна единица како дел од делегацијата на ИПУ во 2012 година. Овие убиства мора да бидат осудени глобално и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата“. Дознајте што ние знаеме за четворицата мажи кои беа погубени. Кјо Мин Ју, познат како „Ко Џими“ Педесет и тригодишниот Ко Џими беше ветеран на бурманско продемократско движење. Групата на студенти генерација 88 е позната по нејзиниот активизам против војската на Мјанмар за време на студентски востанија во 1988 година. Ко Џими беше затворен по протестите, а го ослободија во 2005 година, според локални медиуми. Тој се смета за пионер на продемократското движење во Мјанмар, заедно со неговата сопруга Нилар Теин, за која се верува дека се крие. Тие имаат 15-годишна ќерка. Парот ги мобилизираше активистите од демонстрациите од 1988 година за да се приклучат на протести предводени од монаси од 2007, познати како Шафран револуција. Ко Џими уште еднаш беше затворен, се верува дека тој во својот живот поминал вкупно 21 година во затвор. Тој беше ослободен од затвор во 2012, но уапсен во октомври 2021 година, откако беше обвинет за криење оружје и муниција во стан во Јангон и дека бил „советник“ на Владата на национално единство, како што пренесе Би-би-си. Пјо Зеја Тав Четириесет и едногодишниот Пјо Зеја Тав беше пратеник на Националната лига за демократија и поранешна хип-хоп ѕвезда која го основаше еден од првите хип-хоп бендови на Мјанмар, Ацид. Стиховите од неговата хип-хоп музика ја напаѓаа војската, што ја разлути хунтата. Пјо Зеја Тав беше сојузник на продемократската икона Аунг Сан Су Кји и беше основач на младинско движење наречено Генерациски бран, што ширеше антивоени пораки со графити. Пјо Зеја Тав го затворија во 2008 година во период од три години за неговиот активизам, но, тој стана пратеник во Долниот дом во април 2012 година. Тој беше уапсен во ноември 2021 година, откако го обвинија за терористички дела. Хла Мјо Аунг и Аунг Тура Зав Хла Мјо Аунг и Аунг Тура Зав беа осудени на смрт за убиство на жена, за која имаше сомнение дека дава информации на хунтата. Тие беа обвинети во април и осудени во мај. Според активистичката група Здружение за помош на политички затвореници, тие беа вклучени во движење на отпорот од државниот удар во 2021 година. Засега не се знае нешто повеќе за овие лица. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан