„Козле“ доби сертификат за квалитет и безбедност во лекување и грижа за децата
- Во продолжение е соопштението од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи и ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје. ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје стекна сертификат за акредитација - висок степен на исполнетост на стандардите за обезбедување квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство, што МИА го пренесува интегрално.
17 март 2026
Во продолжение е соопштението од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи и ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје. ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје стекна сертификат за акредитација - висок степен на исполнетост на стандардите за обезбедување квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања - се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство, што МИА го пренесува интегрално.
Во согласност со спроведеното надворешно оценување, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи за примена на оптималното ниво на однапред утврдените национални стандарди за работа на здравствените установи, ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје стекна сертификат за акредитација во важност од три години.
Националните стандарди на акредитација на здравствените установи се изготвени во согласност со методологијата на ISQua (The International Society for Quality in Health Care ) и се базираат на современите и на светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа. Акредитацијата во здравствени установи се спроведува во согласност со член 240 од Законот за здравствената заштита.
ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје како најголем национален и регионален центар покажа висок степен на исполнетост на стандардите, кои овозможуваат квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања.
Клиниката покажа дека се стреми кон постепено воспоставување модерна педијатриска и интензивна нега во третманот на најтешките пациенти, како и кон континуирана едукација и усовршување на медицинскиот кадар, со посебен акцент на нови медицински технологии, телемедицина и интердисциплинарна работа. Главните вредности ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“:
· Обезбедување квалитетна здравствена заштита за семејствата во топла и поддржувачка средина;
· Тимска работа, која се рефлектира во функционирањето на установата како целина, во која секој вработен се вреднува како непроценлив човечки капитал, со постојано унапредување на знаењето и вештините преку континуирана медицинска едукација и стручно усовршување;
· Создавање нови граници во педијатриската нега, истражување и образование;
· Соработка со давателите на основните здравствени услуги;
· Застапување на децата и поддршка на улогата на семејството;
· Едукација на пациентите и родителите за превенција, самолекување и самопомош;
· Обезбедување здрава работна средина, во која се почитува различноста и ги потгикнува вработените да го достигнат својот целосен потенцијал;
· Потикнување култура што ги наградува иницијативата, континуираното учење, донесувањето одлуки и тимската работа;
· Демонстрирање вредности преку одговорно управување и контрола на трошоците.
ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“