• вторник, 24 декември 2024

„Кожувчанка“ нов партнер на кошаркарската федерација

„Кожувчанка“ нов партнер на кошаркарската федерација

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација денес и официјално доби уште еден нов партнер, компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци.

- Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како на спортот така и во многу други и голем број на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите и напредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас, истакна претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Со ова партнерство компанијата „Кожувчанка“ уште еднаш ја покажа општествената одговорност како еден од императивите на нејзиното работење.

- Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава. Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на сите нас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава. Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднина нашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа, истакна генералниот менаџер на „Кожувчанка“, Јанинка Чупаркоска.

Македонската репрезентација утревечер (19 часот) во СРЦ „Кале“ ја пречекува Естонија на отворањето на квалификациите за Европското првенство 2025. зс/

Остани поврзан