• сабота, 28 декември 2024

Кога ќе се вратиме на нормалниот живот?

Кога ќе се вратиме на нормалниот живот?

26 декември 2020

Секундарниот ефект на клиничките испитувања на вакцината ќе овозможи колективниот имунитет да се постигне во третиот, наместо во четвртиот квартал од следната година. Сепак, главните прашања остануваат отворени, дури и за вакцините, а станува збор за долгорочна безбедност, навремена и ефикасна дистрибуција и прифаќање на вакцините меѓу граѓаните. Посебно прашање е колку ќе трае имунитетот. САД веројатно ќе имаат брз пристап до вакцината, додека роковите во другите земји ќе зависат од пристапот и дистрибуцијата на вакцините и други фактори.
Во ноември, светот со олеснување ги дочека вестите од „Фајзер“ и нејзиниот партнер „БиоНТек“ и од „Модерна“. Нивните вакцини против Ковид-19 покажаа поголема ефикасност отколку што многумина се надеваа. Ефикасноста исто така ги надминува оптимистичките очекувања и му помага на вакцинираното лице, а може да помогне и во подобро прифаќање на вакцината кај популацијата. Исто така, се намалува процентот на население што треба да се вакцинира за да се постигне колективен имунитет.Модерна“, исто така, најави дека нејзината вакцина е постабилна отколку што се очекуваше и може да се чува во обичен фрижидер до 30 дена. Конечно, има голем број други вакцини во последните фази на тестирање, кои се очекува да дадат резултати во наредните месеци.
Сè уште треба да бидете внимателни. Безбедносните податоци за вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ изгледаат ветувачки досега (не се пријавени сериозни несакани ефекти), но следните месеци ќе дадат поцелосна слика. Сè уште не знаеме колку ќе трае заштитата што ја нудат вакцините. Некои деца постари од 12 години исто така беа вклучени во истражувањето на „Фајзер“, но ефективноста кај оние на возраст под 18 години не е јасна.
Покрај вакцините, науката напредува и во терапиите за Ковид-19. На пример, антителата на фармацевтската компанија „Ели Лили“ добија одобрение во ноември за итна употреба од Управата за храна и лекови на САД, а „Регенерон“ го доби истото одобрување за неговиот коктел со антитела. Податоците за овие антитела сугерираат дека тие можат да ја намалат потребата за хоспитализација на пациенти со висок ризик и да имаат потенцијал за профилакса по експозиција. Иако ваквите антитела не се препорачуваат за употреба кај хоспитализирани пациенти, тие го зголемуваат опсегот на третмани и протоколи за Ковид-19, од кои секој може да помогне во намалување на смртноста. Овие третмани и промените во клиничката пракса заедно можат да ја намалат смртноста кај хоспитализирани пациенти за 18 проценти.
Длабинско толкување на податоците
Истражувањата и увидите во изминатите два месеца фрлија светлина врз голем број несигурности, а во некои случаи се појавија и нови прашања. „Меккинзи“ разгледува пет импликации, од кои секоја помогна подобро да се процени времето на пандемијата на Ковид-19.
Возрасните ограничувања на вакцината ги зголемуваат барањата за постигнување колективен имунитет
Се чини дека наведените вакцини прво ќе бидат означени за употреба кај возрасни. Не е целосно јасно кога ќе може да се користи кај деца. Една од последиците е дека придонесот на вакцината кон колективниот имунитет на целата популација ќе зависи само од возрасните, барем додека вакцината не биде одобрена и за помладата популација. Доколку вакцините се безбедни, ефикасни и се дистрибуираат до сите возрасни групи, а стапката на покриеност е од 45 до 65 проценти, во комбинација со очекуваниот природен имунитет, може да се постигне колективен имунитет.
Од друга страна, ако вакцините се ефикасни, но се дистрибуираат само на возрасни, кои сочинуваат 76 проценти од населението во САД, тогаш треба да се вакцинираат од 60 до 85 проценти од популацијата за да се постигне колективен имунитет. Друга последица е дека постарите деца, кои имаат двојно поголема инциденца на Ковид-19 од помалите деца и кои имаат поголемо вирусно оптоварување (а со тоа и поголема потенцијална инфективност) од возрасните, може да немаат непосреден пристап до вакцините.
Нејасно влијание на вакцината врз пренесувањето може да го зголеми прагот на покриеност
Испитувањата за вакцини и одобрувањето на регулаторите се базираат на безбедност и ефикасност во намалувањето на виролошки потврдената симптоматска болест кај поединци. Ова не е исто што и намалувањето на преносот. Оваа разлика ќе покаже дали САД можат да ја достигнат нормалноста во вториот или третиот квартал на 2021 година.
Во пракса, постојат податоци за тоа дали луѓето кои се вакцинирани имаат помала веројатност да добијат Ковид-19 (особено кога станува збор за сериозно заболување), но немаме податоци за тоа колку е веројатно пренесувањето на болеста на други лица. Ова е важна разлика, бидејќи она што предизвикува колективен имунитет е намалување на преносот. Ако вакцините се ефективни само 75 проценти во намалувањето на преносот, тогаш 60 до 80 проценти од популацијата ќе бидат доволни да се вакцинираат за колективен имунитет. Доколку вакцините се ефикасни само 50 проценти во намалувањето на преносот, 90 проценти од популацијата ќе треба да се вакцинира.
Широки варијации во локалната серопреваленца укажуваат на хетерогени патишта кон колективниот имунитет
Подобрени проценки на серопреваленцата се се повеќе достапни во многу региони. Тие варираат многу, од 1 до 2 проценти во американските држави Колорадо и Канзас, до 14 до 20 проценти во Њу Џерси и Њујорк.
Бидејќи постигнувањето колективен имунитет делумно се потпира и на природниот имунитет на населението, се чини дека некои места се поблиску до колективниот имунитет од другите. Врз основа на бројни сценарија за веродостојни вакцини и фактот дека оние кои прележале САРС-Ков-2 сепак ќе бидат вакцинирани, секое зголемување на серопреваленцата од 10 процентни поени може да се претвори во едномесечно забрзување на временската низа до последната епидемиолошка точка. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан