• недела, 22 декември 2024

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели Мицкоски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели Мицкоски

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже во пракса, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, запрашан за тоа кои се пратениците што го поддржуваат мнозинството во Парламентот. 

-Дозволете ми малку да ве корегирам, јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков дека можеби имаме и повеќе од 80 пратеника. Можеби имаме. Само кога ќе имаме потреба од 80 пратеника можеби и имаме 80 и повеќе од 80 пратеника, изјави Мицкоски. 

Запрашан на што ја темели таа информација, Мицкоски рече дека ја темели врз основа на информациите со кои располага, неоткривајќи други детали.

-Доволно е сега во овој момент. Да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса, рече премиерот Мицкоски.  

Премиерот вчера во интервју за Косовската телевизија кажа дека владејачкото мнозинство можеби има и повеќе од 80 пратеници во Собранието. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан