• среда, 25 декември 2024

Ковид-19 ја зголеми потрошувачката на алкохол во Русија

Ковид-19 ја зголеми потрошувачката на алкохол во Русија
Москва, 3 мај 2020 (МИА) - Потрошувачката на алкохол за време на периодот на самоизолација во Русија е зголемена за два до три отсто, објави ТАСС. Руското Министерство за здравство предупреди дека алкохолот го намалува имунитетот и не треба да се користи за лекување или спречување на инфекција со коронавирус. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко забележа зголемување на потрошувачката на алкохол во Русија за два до три отсто за време на режимот на самоизолација, воведен во борбата против пандемијата на коронавирусот. - Севкупно, потрошувачката на алкохолни пијалоци се зголеми за околу два до три проценти и тоа е прилично стабилна тенденција. Но, јас би сакал да кажам дека алкохолот во оваа ситуација не помага во третманот на вирусни инфекции, особено кај зарази со коронавирус. Алкохолот го слабее имунолошкиот систем кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања и предизвикува влошување на веќе постоечките хронични заболувања. Затоа, алкохолот дефинитивно не е прифатлив во ваква ситуација, нагласи Мурашко. гт/

Остани поврзан