• четврток, 26 декември 2024

Ковид центарот во Тетово со многу амбулантски прегледи само за контрола, лекарите апелираат луѓето да се вакцинираат

Ковид центарот во Тетово со многу амбулантски прегледи само за контрола, лекарите апелираат луѓето да се вакцинираат
Тетово, 6 мај 2021 (МИА) - Ковид центарот при клиничката болница во Тетово има преполовен број на луѓе кои се на болничко лекување во споредба со почетокот на април, а ист висок е бројот на прегледи во амбулантата кои за среќа се само за контрола. Сега на болничко лекување има 20 луѓе додека на седми април имало 48. - Во моментот имаме 20 хоспитализирани пациенти, а овие денови сме имале многу луѓе кои се пуштени дома. Од 20 пациенти, 18 се на кислородна поддршка, во добра клиничка состојба, и според крвна слика и според лабораториски испитувања, се надевам дека ќе се пуштат дома. Кај амбулантски прегледи вчера сме имале 80 пациенти што е парадокс за нас, не дека имаме многу пациенти со Ковид, туку се пратени со упати од матични лекари за контрола. Матични лекари можат и самите да праќаат на контрола пациенти на биохемиска лабораторија и ренген дијагностика, со тоа ќе се поедностави работата во ковид центарот, вели д-р Нуредини, координатор во Ковид-центарот. Докторот апелира граѓаните да ги почитуваат термините за вакцинација и да ја примат вакцината со која ќе се заштитат од Ковид-19. -Се уште не е ништо завршено има скептици, пациенти кои барат да добијат одредена вакцина. Ништо не е подобро или полошо ако не се вакцинираме, било која вакцина е подобра од тоа да се остане без вакцина. Вакцинацијата е процес кој што вие си помагате себе си, на фамилијата, на колегите, на целата држава. Ова е еден процес во кој како држава мора да се вакцинираме да не сме извор на зараза на другите држави. Без вакцинацијата нема излез од економска, здравствена и социјална криза. Да почнеме да живееме како пред пандемијата, објаснува д-р Нуредини. Од вторникот во Тетово почна и масовна имунизација на населението во спортската сала на медиицнското училиште. ас/свс/

Остани поврзан