Ковентри: Спортистите ни покажаа како изгледаат извонредноста, почитта и пријателството во свет кој понекогаш ги заборава овие вредности
- Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, одржа говор на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри во 2026 година во Италија. Таа им се обрати на спортистите и навивачите.
Верона, 23 февруари 2026 (МИА) – Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, одржа говор на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри во 2026 година во Италија. Таа им се обрати на спортистите и навивачите.
- Бевте неверојатни, храбри, бестрашни, полни со срце и страст. Сè оставивте на снегот и мразот. Две незаборавни недели, живеејќи го секој момент до максимум. Дадовте сè и го споделивте со нас. Ни покажавте како изгледаат извонредноста, почитта и пријателството во свет кој понекогаш ги заборава овие вредности. Ви благодариме што ги отворивте вашите срца. Арените беа полни, навивањето беше гласно, атмосферата беше извонредна. Ги славевте вашите шампиони и навивавте за спортистите од сите нации, покажувајќи дека страста и почитта можат да коегзистираат. Оваа светлина ќе живее во секое дете инспирирано да сонува големо, во секој човек кој е потсетен дека храброста и љубезноста сè уште се важни. Се надевам дека инспириравме генерации низ целиот свет со олимпискиот дух, беше цитирана изјавата на Ковентри на веб-страницата на Олимписките игри.
Игрите во 2026 година се одржаа од 6 до 22 февруари во Кортина и Милано. Учесниците се натпреваруваа во 116 дисциплини за медали во осум спортови. Учествуваа повеќе од 2.800 спортисти од 92 земји, вклучувајќи четворица Македонци. зс/
Фото: ЕПА