• четврток, 19 декември 2024

Ковачки: Скандалите на Спасовски во МВР никако да запрат

Ковачки: Скандалите на Спасовски во МВР никако да запрат
Скопје, 21 април 2022
Во рок од неколку дена на Спасовски му се случува убиство кое се обидува да го сокрие, кражба на оружје и муниција од полициски магацин во Охрид за која исто така молчи, за на крај да крие и за една од најголемите кражба во Македонија до сега - кражба на масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра.Сето ова се случува во период од неколку дена, а ниту еден случај немаше да добие внимание да не беа бурните реакции на медиумите, јавноста и ВМРО-ДПМНЕ.Кражбата на масло од марихуана од  просториите на фабриката на фирмата 5 летерс, која сега е во стечај во с. Алданци, Крушево во вредност од над 2 милиони евра е една од најголемите кражби досега во Македонија, а МВР на Спасовски 3 дена молчи.Украдени се 108 шишиња со масло од марихуана, од кои 93 се со количина од 1000 мл, додека 15 се со количина од 500 до 1000 мл.Во објектот има ангажирано обезбедување од една приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а просториите се под видео надзор со неколку десетици камери. Дополнително, маслото се чувало во специјален сеф.Оттука се поставува прашањето, што прави Спасовски 3 дена и зошто не ги прегледа камерите од објектот? Дали му се потребни 3 дена за да изгледа снимки од неколку часа?Дополнително се поставува прашањето, што правело приватното обезбедување и зошто не е спречена кражбата, посебно имајќи во предвид дека ова не е прва кражба во фабриката.Дали Спасовски свесно ја одолговлекува истрагата и дали маслото од марихуана веќе ја напуштило државата?Кој e тој што профитира од нелегалната продажба на маслото од марихуана и дали Спасовски знае за истиот и затоа молчи?Спасовски е или целосно неспособен или во целосен договор со мафијата. И во едниот и во другиот случај е неизбежно, Спасовски треба да си поднесе оставка.
Ковачки: Промовирање на фашизмот од страна на Бугарија е резултат на континуираното понижување на македонскиот народ и држава и неспособност на владата на СДСМ и ДУИ Токму за ова предупредувавме дека таквите провокации како што е промовирањето на фашизам од Бугарија се со цел да се искористат како алиби за не добивање на датум за преговори, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира изјавите на Румен Радев дека Македонија шири антибугарска пропаганда, дека политичарите градат идентитет фалсификувана комунистичка историја, како и дека Ванчо Михајлов не бил фашист, туку човек кој го спречил Хитлер да ја внесе Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Ковачки потенцираше дека доколку Бугарија е вистински пријател на македонската држава и македонскиот народ, тогаш нема да промовира фашизам и на тој начин да го руши достоинството на државата. Воедно,  Бугарија доколку е вистински за добрососедство и пријателство не треба да промовира фашизам и да прави работи со кои се нарушува достоинството на Македонија и македонскиот народ. Но, сето ова е резултат на неспособноста на СДСМ и ДУИ со понижувањето кое континуирано го нанесуваат на македонскиот народ и македонската држава. Понижувачката политика која ја води СДСМ не може да резултира со добрососедство, заклучи Ковачки. Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан