• четврток, 19 декември 2024

Ковачки: Последниот предлог кој ќе значеше бугаризација на Македонија пропадна

Ковачки: Последниот предлог кој ќе значеше бугаризација на Македонија пропадна
Скопје, 23 јуни 2022 ВМРО-ДПМНЕ и народот победија. Последниот предлог кој ќе значеше бугаризација на Македонија пропадна. Напорите кои што ги вложивме заедно со народот ја спасија нацијата од асимилација. Победата е наша, бидете горди, затоа што сите вие сте дел од генерацијата која спречи бугаризација. Им благодараме на интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и сите други општествени чинители кои што заеднички се спротивставија на предлогот. Димитар Ковачевски, кој сега од Брисел ретерираше е човекот кој ја донесе Македонија во подредена и срамна положба, на чекор од целосно бришење на идентитетот, јазикот и историјата. Димитар Ковачевски 6 месеци преговара и го договара овој предлог. Овој срамен и понижувачки предлог кој директно е на штета на македонските национални интереси. Ова што сега го карактеризираат како неприфатлив предлог пред само месец владата го усогласила. Имено, пред само еден месец преговорите ги преземал тим од МНР на Франција и кабинетот на претседателот на Франција и по усогласување на предлогот во детали, од македонската страна биле побарани забелешки кон текстот. Барањата и објаснувањата од македонската влада биле: 1.     Меѓувладината конференција да отпочне  веднаш, а се друго во предлогот било во ред и било прифатливо за нив; 2.     Побарале предлогот да оди на брзо усвојување во Бугарија, со цел македонската јавност да не се запознае во детали со предлогот, а во тоа брзање и налет, оваа влада на СДСМ и ДУИ имале план да направат еуфорија дека почнуваме преговори. Веќе употребена лоша тактика, која ВМРО-ДПМНЕ и народот ја препознаа; 3.     Со така создадената еуфорија сакале да ја применат нивната политичка тактика - „морков или стап“ надевајќи се дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе немаат избор освен пред свршен чин да ги поддржат уставните измени. Ковачевски, СДСМ и ДУИ го потценија македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ, но уште еднаш покажавме дека заедно никогаш нема да дозволивме ова да се случи, затоа што гласно кажавме НЕ. По одлучната акција на ВМРО-ДПМНЕ, тактиката на СДСМ и Ковачевски пропадна. Залудни се обидите Ковачевски да одбива предлог кој самиот го создал, работел на него, и го одобрил. Залудни се и политичките пазарења на Ковачевски, залудни се оправдувањата дека, после ваков јавен притисок, ако го прифати предлогот ќе останел без влада, и жестоко ќе ги загубел предвремените парламентарни избори за кои самиот ценел дека неминовно ќе се случат. Ковачевски и неговата влада веднаш по враќањето од Брисел имаат обврска да ја депонираат својата оставка до Собранието. Одговорност за ова мора да има. Одговорност затоа што ја лажеа македонската јавност дека не преговарале, а биле дел и го пишувале документот кој што значел бугаризација на Македонија. Македонија победи. Интегрален текст од прес - конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан