• среда, 25 декември 2024

Ковачки: Навредите на Стево кон Силјановска Давкова ја покажуваат неговата исплашеност од поразот

Ковачки: Навредите на Стево кон Силјановска Давкова ја покажуваат неговата исплашеност од поразот

Скопје, 13 април 2024 

-Поминав многу куќи, поминав многу домови, населени места и секаде каде што одев преовладуваше една мисла, промени. Промени за подобар живот, промени за подобро утре, промени за да си ја направиме Македонија повторно горда. Да ја направиме Гордана Силјановска Давкова, претседател на Република Македонија. Доаѓа време на одговорност. Овие избори се последната шанса за сите нас и за нашата Македонија. Овие избори вие избирате помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Помеѓу проекти, стратегија, реформи, визија, или помеѓу уназадување, пустош, криминал и корупција, порача Драган Ковачки носител на изборната единица 3 при неговото обраќање во општина Зелениково во рамки на претседателската кампања.

Ковачки се осврна на СДС, Ковачевски, Ахмети каде рече дека тоа се ликови, претставници на оваа власт кои ги донесоа граѓаните до беда и сиромаштија.

-Погледнете до каде ја донесоа Македонија, СДС, Димитар Ковачевски и Али Ахмети, тоа се ликовите, претставници на оваа власт. Погледнете до каде ве донесоа вас. До беда и сиромаштија. До пропаст. Едвај да преживувате. Сите ги мачи една иста мака, како да се помине месецот, дали ќе стигнат пари за сметки, дали ќе има ново покачување на прехранбените производи. Никогаш не се живеело полошо. Пекол донесоа за сите, а живот ветуваа. Денеска после 7 години сите знаат дека нема ниту живот, ниту правда, ниту едно општество за сите, туку важни им беа само парите, кажа тој.

Ковачки во врска со СДС додаде:

-Деновиве ги слушам од СДС како велат добри бевме но грешевме, ама ќе се подобриме во следните 4 години ќе се подобриме. Но, лажат, сушат. Не грешеа малку. Грешеа многу! И крадеа! Ве крадеа вас и државата. Се збогатија и малку им е, сакаат уште. Го бараат вашиот глас за повеќе да ве крадат, бараат ваша поддршка за повторно да ја задолжат Македонија, ја барат вашата поддршка за да им слугуваат на ДУИ и на Али Ахмети. Не им верувајте бидејќи имаа два мандата, 7 години за да направат нешто, но одбраа да бидат измеќари на ДУИ, Али Ахмети и на Артан Груби и на Бујар Османи. Одбраа да им слугуваат на ДУИ, бидејќи од нив им зависеше владата и профитот. Се откажаа од вас, за да им слугуваат на ДУИ. Само за пусти пари, за некој процент од криминалните милионски тендери, од крупните бизнис зделки.

Ковачки потоа се осврна на кандидатот за претседател Стево Пендаровски за кого рече дека е нервозен поради слабиот рејтинг и дека знае дека нема поддршка од граѓаните.

-Што би кажал за Стево Пендаровски. Човекот нема образ, туку ѓон. Безобразен, без грам срам, нечесен.  Денови е во голема нервоза и очај, што поради слабиот рејтинг, што поради слабата посетеност на митинзите, дури ниту ората кои што ги игра не му помагаат, знае дека нема поддршка од вас, па почнува да ја навредува професорката Силјановска Давкова. Тоа ја покажува неговата исплашеност од поразот. Стравот му е преголем бидејќи знае дека ќе биде убедливо поразен. Маж кој навредува жена, само ја покажува неговата фрустрираност. Кога требаше да им се спротивстави на ДУИ и Али, тој одбра да им биде мал послушник, да им коленичи за гласовите, вели Ковачки.

На крај Ковачки заклучи дека крајот на СДС им се ближи и побара поддршка од граѓаните за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Крајот им е многу блиску на 24 Април и на 8 мај. Ветуваме одговорност и работа. И барам поддршка за поразот да им биде огромен, да не знаат што ги снашло. Промените ќе ги донесеме сите заедно, сплотени и обединети. Со масовна излезност и со голема поддршка за Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Со многу работа, со проекти и реформи ви ветувам дека ќе ја вратиме Македонија повторно кај вас, во народот, затоа што вие сте суверенот на оваа земја, додаде Ковачки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан