Ковачки: Македонија останува да биде лојален и доверлив партнер на НАТО
- Како повеќепартиска делегација деновиве сме во посета на седиштето на НАТО во Брисел каде изразуваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата. Она што е важно да се спомене е дека Македонија останува да биде лојален и доверлив партнер на НАТО, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ - изјава на пратеникот и генерален секретар на партијата, Драган Ковачки, што МИА го пренесува интегрално.
16 февруари 2026
Како повеќепартиска делегација деновиве сме во посета на седиштето на НАТО во Брисел каде изразуваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата. Она што е важно да се спомене е дека Македонија останува да биде лојален и доверлив партнер на НАТО, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ - изјава на пратеникот и генерален секретар на партијата, Драган Ковачки, што МИА го пренесува интегрално.
Ќе продолжиме да ги реализираме одлуките од Самитот во ХАГ, а се со цел зголемување на одбраната и одвраќањето, секако од аспект и на колективната безбедност, но и од аспект на кооперативната безбедност.
Понатаму, менаџирањето со кризите и секако борбата со тероризмот.
Продолжуваме со посетата и давањето на поддршка на одлуките на Алијансата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ