• сабота, 16 ноември 2024

Ковачки: Кочани ќе добие четири милиони евра од државниот буџет, а ќе ја реконструираме и пругата до Велес

Ковачки: Кочани ќе добие четири милиони евра од државниот буџет, а ќе ја реконструираме и пругата до Велес

Кочани, 7 април 2024 (МИА) – Секаде каде што одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, а така е и во Кочани каде сè повеќе ни се приклучуваат во промените, истакна на прес конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, најавувајќи финансиска поддршка од државниот буџет за развој на општината.  

-Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, но со промената на власта ќе има инвестиции во Кочани. Околу четири милиони евра од централниот буџет предвидуваме да се дадат за Кочани, тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани – Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина, нова надеж. Повикувам на 24 април масовно да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со голема излезност, односно победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените, истакна Ковачки. та/аа/

фото: МИА

Остани поврзан