• вторник, 24 декември 2024

Ковачки: Го повикувам да одиме на предвремени парламентарни избори

Ковачки: Го повикувам да одиме на предвремени парламентарни избори

Скопје, 24 август 2022  

Срамота е ова што се случува со обвинителството и со одговорните лица кои ги назначува Владата. Самиот премиер кој е нелегитимен и кој има најниска доверба кај граѓаните е континуитет на ова исто недоверба во судството од 8 проценти односно 9 граѓани од 10 граѓани немаат доверба во тоа правосудство, вели пратеникот Драган Ковачки во изјава за дневникот на телевизија Сител.

„Она што се однесува до неговото интервју сакам да кажам дека тој заборави да каже како ќе ја реши сиромаштијата кај граѓаните, како ќе го реши јазот помеѓу богатите и сиромашните, како ќе ги намали односно ќе го запре растењето на цените на основните намирници на брашното, зејтинот, млекото, јајцата“, рече Ковачки.

Во врска со тоа што се однесува до енергетската криза која тој ја најавуваше, односно кажуваше дека ете бил запознаен уште од месец мај. Ковачки само потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поточно претседателот на партијата неколку месеци, односно и година дена наназад укажуваше и кажуваше на сегашните проблеми кои ги прави СДСМ со недомаќинското работење и криминалното работење во ЕЛЕМ и во РЕК преку нивните тендери во четири очи.

Ковачки го повика Ковачевски ако е толку убеден дека неговите политики имаат поддршка кај граѓаните, да оди на што поитни предвремени парламентарни избори.

„Со самото тоа што одби да оди на предвремени избори тој покажува дека нема 80 пратеници во Собранието на Република Македонија за промена на Уставот и со тоа уште еднаш покажува дека неговите политики немаат поддршка кај граѓаните“, кажа Ковачки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан