• среда, 25 декември 2024

Ковачки: Во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се дополнителни 800 милиони евра за земјоделците

Ковачки: Во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се дополнителни 800 милиони евра за земјоделците

Карбинци, 26 април 2024 (МИА) - Носителот на листата за пратеници на ВМРО- ДПМНЕ во ИЕ 3 Драган Ковачки денеска од карбинското село Долни Балван порача дека во иднина планирано е 250 милиони евра за општините во земјава, без разлика кој е на власт. Само за Општина Карбинци, според Програмата, предвидени се 1,8 милиони евра, како што вели, Ковачки за инфраструктурни проекти.

-И како работи нашиот градоначалник овде во Карбинци, така и ние ќе работиме на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра, во четири годишен мандат за земјоделците. Што значи реконструкција на сите водоводни канали, значи да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри, вели Ковачки.

Забележа дека земјоделците од овој регион заслужуваат внимание и да си ја работат тие земјата, а не, како што вели, земјата да ја поседуваат феудалци. вдј/мд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан