• недела, 24 ноември 2024

Ковачевски – Пирц Мусар: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ,  Северна Македонија има важна улога во европската стабилност

Ковачевски – Пирц Мусар: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ,  Северна Македонија има важна улога во европската стабилност
Љубљана, 3 април 2023 (МИА) - Во изминатите 31 година од воспоставувањето на дипломатските односи во 1992 година, Северна Македонија и Словенија создадоа стабилна основа за цврсто и напредно партнерство кое ќе продолжи во насока на зајакнување на соработката токму во насока на натамошно интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави, констатираа на денешната средба во Љубљана премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.На средбата поздравени се политиките на дијалог со коишто Северна Македонија успешно ги унапредува добрососедските односи, со што придонесува и во регионалниот мир и европската стабилност. Притоа е изразена силна поддршка за интензивирање на динамиката на евроинтеграцискиот процес.
-Политиката на проширување на ЕУ најдиректно придонесува за одржување на мирот и стабилноста во регионот, унапредувањето на демократијата, владеењето на правото,  заштитата на човековите права и слободи и за зајакнување на конкурентноста на економиите на државите. Во таа насока изразувам благодарност до Република Словенија што е силен и отворен поддржувач за пристапниот пат на Северна Македонија, како и на перспективите за членство во Европската Унија на целиот Западен Балкан, рече премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски посочи и дека нашата држава е целосно поставена на линија на надворешната политика на ЕУ и дека практикува европски вредности, со што покажа дека го заслужува своето место во Унијата.Партнерството меѓу двете држави ќе биде потврдено и засилено и за време на претстојната посета на словенечката претседателка Пирц Мусар на Република Северна Македонија. бак/дма/
 
Фото: Влада на РСМ
 

Остани поврзан