Ковачевски ја посети социјалната зграда во Гевгелија
- Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја посети социјалната зграда
Гевгелија, 11 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја посети социјалната зграда во Гевгелија каде ќе бидат згрижени најранливите категории на граѓани.
Во оваа зграда, како што информираа од Владата ќе бидат сместени над двесте граѓани на кои станбеното прашање не им е решено.
-За развој на општеството, Владата се залага да обезбеди социјална сигурност на граѓаните, затоа во изминатите четири години изградени се или во фаза на изградба се вкупно 853 социјални станови, велат од Влада.
Во оваа зграда има 52 станови од кои четири станови се на приземје за лица кои живеат со телесен инвалидитет. рт/ки/
Во оваа зграда има 52 станови од кои четири станови се на приземје за лица кои живеат со телесен инвалидитет. рт/ки/